Фармацевтската компанија ЕУРО-ФАРМ, е основана во средината на 2000-та година. Основач, сопственик и директор на фирмата е дипл.фармацевт Татјана Стерјева. Почетокот на функционирањето на фирмата е поврзано со 09.12.2000 година, кога во Скопје е отворена првата аптека од ланецот аптеки ЕУРО-ФАРМ. Од тогаш до денес евидентен е постојан подем во развојот и унапредувањето на компанијата.
Денес Еуро-фарм е компанија во чии склоп влегуваат 63 аптеки ширум Македонија и веледрогерија која е високорангирана според прометот со лекови на територијата на Р.Македонија. Бројот на вработени исто така е во постојан пораст. Во нашата компанија моментално се вработени 270 лица од најразличен профил (185 од нив се дипломирани фармацевти а останатите се фармацевтски техничари и друг технички персонал). За правните, економските дејности на компанија ангажирани се стручни консултански куќи.
Еуро-фарм располага со сопствен административно деловен и магацински простор во кој се обавуваат целокупните активности од функционирањето на нашата компанија. Исто така располагаме со сопствен возен парк (кој се состои од товарни возила) со кои секојдневно се разнесува робата на различни дестинации во Р.Македонија. Активно сме вклучени и во подршка на научните и културните настани во Р.Македонија преку подршка на социо-хуманитарни акции и институции.